Италија прва во Европа воведува строга мерка: „Зелените пропусници“ услов за сите работници

13.10.2021
Vesnik.com
Италија прва во Европа воведува строга мерка: „Зелените пропусници“ услов за сите работници

Додека земјите ширум светот бараат начини да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат и да воведат ограничувања за да го намалат ширењето на коронавирусот, набљудувачите велат дека Италија најтешко погодената од пандемијата се чини дека постигна добра рамнотежа.

Италија тивко ја постигна целта поставена во март за целосно вакцинирање на 80 проценти од населението над 12 години, додека 85 проценти од населението прими барем една доза на вакцина.

Од 15 октомври, Италија ќе стане и првата европска земја која ја бара таканаречената „Зелена карта“ – дигитален или хартиен доказ за вакцинација, имунитет или негативен тест за ковид во последните 48 часа – на сите работни места, приватни и јавни настани.

Ова е само еден чекор подалеку од задолжителното воведување вакцини, што премиерот Марио Драги отворено го најавуваше пред само еден месец, пишуваат агенциите.

Новото барање за зелени пропусници на работните места е се уште едно од најстрогите во светот. На работниците им се дава пет дена „неоправдано отсуство“, по што платите може да им бидат суспендирани иако не можат да бидат отпуштени. Работниците кои ќе се најдат на работа без зелена карта и работодавачите кои не ги проверуваат се соочуваат со казна до 1.500 евра.

Италијанската влада прво ги воведе пропусниците за меѓународни патувања во јуни, потоа ги прошири на ресторани, театри, спортски сали и базени, а во почетокот на септември на железничките патувања на долги релации, за меѓурегионалниот јавен превоз, домашните летови како и за родителите што влегуваат во училиштата.

Објавувајќи ја одлуката, италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца рече дека новите мерки ќе ја подобрат безбедноста и дополнително ќе ја зајакнат кампањата за вакцинација во земјата, пишуваат медиумите во светот.

„Спроведувањето на пропусницата како оваа што ја воведуваме ние, сигурни сме дека ќе помогне да се унапреди кампањата за вакцинација“, рече тој.

Сперанца редовно се појавува на телевизија, зборувајќи за зелената карта, изразувајќи разбирање за оние кои се двоумат да се вакцинираат и се обидува да ги убеди да се вакцинираат, а експертите ова однесување го сметаат за прагматично.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата