Лина Ѓорческа во 1/2 финалето на турнирот во Визбаден!

24.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лина Ѓорческа во 1/2 финалето на турнирот во Визбаден!

Убав успех на нашата тенисерка Лина Ѓорческа, која на престижниот турнир во Визбаден успеа да се пласира во 1/2 финалето или меѓу четирите најдобри тенисерки. Нашата Лина денеска во четвртфиналето успеа да ја победи фаворитката Федерика Ди Сара од Италија. Лина го доби првиот сет со 6:1, во вториот водеше со 2-0 во гемови, за да потоа Италијанката поради повреда го предаде мечот.

Утре во полуфиналето Лина Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу Клара Бурел (Франција) и Клара Игнатик (Романија).

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата