Ирина Шајк ИСКРЕНО за бившиот: Животот без Бредли Купер е сосема ново искуство!

18.09.2021
Vesnik.com
Ирина Шајк ИСКРЕНО за бившиот: Животот без Бредли Купер е сосема ново искуство!

Познатата манекенка Ирина Шајк го пофали поранешниот партнер Бредли Купер, нарекувајќи го способен татко кому не му треба дадилка.

Во интервју за списанието “HIGHStyle”, убавата Ирина вели дека со поранешниот партнер негува пријателска врска и дека заедно се грижат за нивната четиригодишна ќерка Леа Де Сен.

„Тој е многу посветен и снаодлив татко на кој не му треба дадилка. Самиот ја однесе Леа на одмор, а јас не морав да им се јавам “, рекла Ирина.

„Бредли и јас сме многу строги и доследни како родители. Кога ќе заврши со јадењето, Леа станува од масата, ја зема чинијата и не заборава да каже „благодарам“. Без „молам“ и „благодарам“, таа не може да добие ништо“, додава Ирина.

Таа вели дека нејзината ќерка има многу играчки, но дека често и споменува дека таа имала само една кукла како дете.

„Тешко е затоа што има многу играчки. Како дете, имав само една кукла и се‘ уште ја имам. Со русокоса долга коса и сини очи, голема руска кукла. Баба ми и шиеше облека“, откри манекенката.

Бредли и Ирина раскинаа во 2019 година по четиригодишна врска.

„Мислам дека имавме голема среќа да го доживееме она што го имавме еден со друг. Животот без него е сосема ново искуство“, рече Ирина.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата