(Видео) Гафови на средбата Меркел-Рама

14.09.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Гафови на средбата Меркел-Рама

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска пристигна од Белград во Тирана, каде се сретна со албанскиот премиер Еди Рама.

Социјалните мрежи блеснаа, но не поради официјалниот дел од состанокот, туку поради серијата гафови што се случија пред почетокот на тет-а-тет разговорот во Палатата на бригадите, пред кој беше организиран свечен пречек.

Прво, бравата на мерцедесот со кој пристигна Меркел на средбата со Рама, беше блокирана или возачот заборави да ја отклучи вратата, па телохранителот беше фатен како тропа на вратата и се бори да ја отвори.

Ова веднаш беше проследено со непријатен поздрав од Рама и Меркел.

Имено, поради пандемијата на коронавирус, Ангела Меркел се поздравува со тубница, а видно возбудениот Рама ентузијастички ја подаде раката кон неа. По неколку моменти непријатна тишина, тие успеаја да се поздрават.

Следеше нов гаф за време на интонирањето на химната. Меркел поради нејзината здравствена состојба седеше за време на интонирањето на химната, но корисниците на социјалните мрежи беа збунети зошто и Рама седи.

Згора на сето тоа, Рама се најде на удар на „модната полиција“.

Тој доби критики за неносење класични, кожени чевли, туку дека ја пречекал „кралицата на Европа“ во мокасини. На многумина не им се допадна ниту неговата вратоврска.

 

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата