(Видео) Над 200.000 луѓе на улиците во Франција против задолжителните ковид-пропусници

1.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Над 200.000 луѓе на улиците во Франција против задолжителните ковид-пропусници

Француското Министерство за внатрешни работи синоќа објави дека повеќе од 200.000 луѓе се собрале низ целата земја на протести.

Трета недела по ред, граѓаните протестираат против воведувањето на задолжителна санитарна дозвола за влез во некои затворени јавни места.

Во Париз вчера беа планирани четири собири, од кои едниот организиран од поранешниот пратеник на екстремната десница во Европскиот парламент, Флоријан Филипо.

Полицијата во Париз вчера употреби солзавец и се судри со демонстрантите, додека илјадници луѓе ширум Франција протестираат трета сабота по ред поради задолжителната здравствена дозвола за многу јавни културни институции и задолжителната вакцинација на здравствените работници.

Повеќе од 3.000 полицајци беа распоредени во француската престолнина. Меѓу собраните беа претежно семејства со деца.

Санитарната пропусница која вклучува доказ за вакцинација, заболување или негативен тест за коронавирус, е задолжителна од 21 јули за влез во културни и забавни згради, како што се музеи, театри или кина, каде што нема повеќе од 50 луѓе присутни.

Таа пропусница ќе биде задолжителна во август за ресторани, барови и подолги патувања со автобус, воз и авион. Се очекува мерката да биде воведена на 9 август.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата