Тензии на мечот Марсеј – Виљареал, за малку тепачка Емери – Сампаоли (ВИДЕО)

1.08.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тензии на мечот Марсеј – Виљареал, за малку тепачка Емери – Сампаоли (ВИДЕО)

Синоќа на легендарнито стадион Велодром во Марсеј, пријателски меч одиграа домаќинот Олимпик, против шпански Виљареал. Мечот заврши со триумф на домаќините од 2:0, но тој податок ќе остане во сенка на веста дека на овој меч имаше непотребно многу грубости. При еден тежок старт врз противнички играч, црвен картон доби Хуан Фоит, а тренерот на Виљареал, Унаи Емери бурно реагираше. Најпрво врз играчот, па врз судијата, за да потоа се заврти и кон домашниот тренер Хорхе Сампаоли.

Аргентинецот, нормално познат по својот темперамент, не само што возврати туку сакаше да оди и подалеку да се пресмета физички. На среќа поголем инцидент навреме беше спречен.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата