Мукаетов одликуван со Орден за заслуги за Македонија!

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мукаетов одликуван со Орден за заслуги за Македонија!

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов е одликуван со Орден за заслуги за Македонија и тоа од претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Мукаетов кој со успех раководи со РФМ, тој е и успешен бизнисмен, како прв човек на нашиот стопански гигант “Алкалоид“.

Во указот стои дека Мукаетов го доби ова признание за континуитетот, иновативноста, визијата и беспрекорните професионални стандарди во современото корпоративно управување во фармацевтската индустрија. Потоа за докажаниот квалитет во производството на брендовите кои се градени, одржувани и осовременувани со генерации наназад. За инвестиција во новите технологии и во едукацијата и експертизата на кадрите кои ги создаваат брендовите, како и за неговата филантропска култура и широка општествена одговорност.

 

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата