За патување на некој од грчките острови со траект или брод, покрај потребните документи за премин на границата, пред да се качите потребно е да пополните формулар со основните информации или тоа претходно да го направите електронски.
Пред патниците да се качат на траектот, при купувањето билет, треба да пополнат прашалник што можат да го добијат од вработените, објави грчката агенција Никана Травел.
Ако некој не сака да губи време со пополнување на прашалникот, тоа може да го направи електронски и да го зачува на својот телефон или да го испечати.