Цетиње во солзи ги испрати жртвите на масакрот на вечното почивалиште

3.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цетиње во солзи ги испрати жртвите на масакрот на вечното почивалиште

Гласовите на роднините, исцрпени, стегнати од болка, за кратко ја прекинаа тишината, за да им одадат достоинствено испраќање на жртвите од бесмислениот чин, пренесе Телеграф.

Темината го одбележа осмиот час на тага и болка, во кој денеска се обедини целиот град. По третиот, најтежок погреб, луѓето се разотидоа. Допрва треба да се соочиме, допрва треба да го разбереме бесмисленото, неиспровоцирано зло што сееше смрт во градот каде зборовите чест, братството и децата се свети.

Денеска прво беше погребан Јошо Оташевиќ, па Драгана Драшковиќ, а на крајот Мирко Вулетиќ и неговите деца Јован и Вукан.

Неверојатно е сочувството што го покажаа Цетињци. Обединети во болка, застанаа во долги редови. Дождот почна дури попладне, силен и студен. Никој не мрдна.

Тој најболен погреб започна во 16 часот. Токму тогаш последните граѓани им оддадоа почит на жртвите и им изразија сочувство на ужалените.

Имав чувство дека сите овде се едно семејство, пишува новинарот на Телеграф. Сите што дојдоа на ова збогување беа таму еден за друг. Вака се живее во Цетиње, во град во кој луѓето се уште не се отуѓени, како во големите градови.

Честа, чесноста, братството се вредности кои овде не се заборавени. Шокот е уште поголем во оваа ситуација, а болката на едно семејство е болка на сите овие луѓе, на целиот град.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата