Кристијано Роналдо по цели 18 години по се изгледа дека се враќа таму каде што започна, во својот Спортинг. Португалецот отсекогаш говорел дека голема желба му е да се врати во својот матичен клуб, а сега е вистинска прилика за тоа откако тимот од Лисабон по речиси две децении стана шампион на својата земја и наредната сезона ќе игра во Лигата на Шампионите.
Овие шпекулации и тоа како ги “загреа“ мајката на Роналдо, Марија Долорес која за тамошните медиуми кажала дека нејзиниот син ќе игра за Спортинг Лисабон.
“Ќе разговарам со него, со Кристијано. Ќе го наговорам. Следната сезона тој ќе игра на за Спортинг“, изјавила Марија Долорес.
sportmedia.mk