Британско истражување спроведено врз 970.000 испитаници открива дека најчесто изневеруваат луѓето кои се занимаваат со следниве професии:

Финансиски сектор

Претежно, овде станува збор за брокери и банкари. 18 % од нив признале дека барем еднаш го изневериле партнерот.

Менаџмент и човечки ресурси

Во областа на менаџментот и човечките ресурси, 12 % признале неверство.

Директори и самовработени

Дека моќта е привлечна, покажува и ова истражување. Околу 8 % од луѓето на директорска позиција признале дека ги изневериле своите партнери.

Информатички технологии и комуникации

Информатичарите не се бубалици, а тоа го докажува податокот дека 6 % од луѓето во овој сектор ги изнверуваат своите партнери.

Сметководители

На петтото место се наоѓаат сметководителите. Според истражувањето, 5 % од нив признале неверство.