Екипата на Емполи се врати во италијанската Серија А по пауза од две години. Тосканската екипа го завери билетот за елитата по денешната победа над Козенца (4:0) со што го освои првото место на табелата на две кола до крајот на сезоната.

Емполи во досегашниот дел од сезоната во Серија Б оствари 18 победи, 16 нерешени и само 2 порази. Голем дел од заслугите одат на сметка на младиот тренер Алесио Диониси кој изгради одлична екипа која го има најдобриот напад со 66 дадени голови и најдобрата одбрана со 32 примени голови.

По правило и второпласираната оди директно во Серија А, а моментално таму е Салернитана. За третото место се игра плеј-оф турнир помеѓу екипите од третото до осмото место.

sportmedia.mk