Доривал е минато, а Нејмар и другарите си имаат свој фаворит – Тите!

29.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доривал е минато, а Нејмар и другарите си имаат свој фаворит – Тите!

Доривал Жуниор е минато за селекцијата на Бразил. По оние срамни 4:1 од Аргентина, повеќе од играта отколку од резултатот, Доривал доби отказ и сега челниците на Фудбалската Конфедерација на Бразил се во потрега по нов селектор. Се споменува Карло Анчелоти, ама Нејмар и останатите си имаат свој фаворит. Тоа е Тите, човекот кој што беше селектор на Бразил од 2016 до 2022 година.

Оваа информација го разбуди гневот кај фановите кои не мислат дека Тите е идеално решение без разлика што Нејмар и останатите ѕвезди во селекцијата на Бразил мислат за него. Да потсетиме дека и под команда на Тите селекцијата на Бразил не успеа да стане светски првак на Мундијалите во 2018 и 2022, уште повеќе далеку беше од трофејот.

Ако прва опција е Тите, тогаш втора е Жорге Жезус, иако и тој не е баш општо прифатен во фудбалски Бразил. Едноставно се бара Дон Карло.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата