Честопати ја слушаме изреката „Одмаздата се служи ладна“, но, колку е точно тоа?

Еден Британец се пожалил дека неговата девојка смислува најлош можен начин да му се одмазди.

– Имав секс со поранешна девојка. Мојот најдобар пријател се правеше свадба, а мојата поранешна девојка беше деверуша.  После пиење алкохол завршивме во кревет – ја започна својата приказна.

Сега вели дека е свесен дека згрешил, но иако знае дека погрешил смета и дека не треба да биде казнет за тоа од неговата актуелна девојка.

– Само што се вратив дома од венчавката, отидов кај неа и и ја кажав вистината, и сега се каам. Таа реагираше мирно. Но, сега тоа е сосема друга приказна. Ми се закани дека ќе спие со 10 непознати мажи и дека ќе оди на сексуални забави. Таа зборува за тоа цело време и ми е лута, а јас и велам дека е смешно што прави, вели тој.

Набрзо пристигнал и советот од терапевт кој му порачал дека треба да си признае дека колку му е голема грешката и да зборува со неговата девојка да го решат проблемот.

– Вашата девојка е очајна и размислува на начини да ве казни за она што го сторивте. Зборувајте со неа и прашајте ја за нејзиното мислење ако вие двајца имате иднина.