Лео Меси, мега – ѕвездата на Барселона и светскиот фудбал се соочува со казна од страна на властите на Шпанија. Имено пред некој ден, со цел да ја подигне атмосферата во тимот на Барса во финишот на сезоната во Ла Лига, во која каталонците се борат за титулата, тој ги повикал своите соиграли во својот дом. Притоа тој правел скара, имало и мала забава, па така сега Меси се соочува со казна, така барем велат прописите во Шпанија откако на сила се специјалните мерки поради коронавирусот. Имено во еден дом, па и во дворот на сопственикот на домот, не може на едно место да се најдат повеќе од шест лица кои не се од едно семејство. Со ова Меси и играчите на Барса го прекршиле законот, односно не ги почитувале епидемиолошките мерки.

sportmedia.mk