Покрај Галатасарај и Бешикташ, сега во “игра“ за потписот на Езџијан Алиоски бил и италијанскиот гигант Наполи. Како што информира “Тутоспорт“, Македонецот бил прв пик за офанзивен лев бек за следната сезона во тимот, и дека првите луѓе на клубот ќе сторат се да го ангажираат Алиоски кој во изминатиот период имал одлични настапи во дресот на Лидс.
Се верува, барем така шпекулира “Тутоспорт“, дека Наполи би издвоил 10 милиони евра за овој трансфер, сума која би била доволна за да се дојде до Џани.
Познато е дека на Алиоски договорот му истекува во јуни со Лидс, но ако потпише нов Наполи сепак ќе се обиде да го доведе во Серија А.
Во случај овие намери на Наполи да се остварат, тогаш под Везув ќе има македонски тандем во следната сезона, кој ќе го сочинуваат Елиф Елмас– Езџијан Алиоски.
sportmedia.mk