Популарниот телевизиски лик Хуан Хоја Борха, познат по прекарот ‘El Risitas’, починал во болницата Вирген дел Росио во Севиља.
El Risitas денес после пладне морал да биде префрлен од болницата де ла Каридад Севиља (каде што и живеел) во универзитетската болница Вирген дел Росио, каде што и починал.
Во септември 2010 година “El Risitas“ е примен во болница де ла Каридад во Севиља, и од тогаш престојувал. Во 65 година од животот откако претрпел ампутација на ногата како резултат на болест тој побарал прием во институцијата која ја промовирал преподобниот Мигел Манара и со која управува братството Санта Каридад де Севиља.
Планетарна слава стекнал со своето познато смеење во една од своите емисии, а делови од емисијата титлувани се на стотина светски јазици и користени за повеќе од милион ситуации.
<iframe width=”427″ height=”240″ src=”https://www.youtube.com/embed/KdyjwyLf1tc” title=”YouTube video player” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>