Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ откри дека по завршувањето на сезоната има намера да се врати во Реал Мадрид, и да се бори за местото во тимот.

„Дефинитивно на лето се враќам во Реал Мадрид. Што ќе биде понатаму, ќе видиме. Подготвен сум да се борам за место во тимот“, вели Јовиќ.

Ајнтрахт Франкфурт наводно сака да го откупи неговиот договор, но се чини дека тоа е претешка мисија за неговиот екс клуб. Јовиќ се споменува дека ќе биде испратен во Дортмунд, како дел од трансферот на Халанд во Реал Мадрид, но и натаму нема конечна одлука.

sportmedia.mk