Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучерс турнирот во Белинцона, Швајцарија вреден 60.000 долари. Таа денеска ја елиминира италијанската тенисерка Лукреција Стефанини со 2:1 во сетови. Првиот сет македонската тенисерка го загуби убедливо со 1:6 меѓутоа се стабилизира во следните два и ги доби со 6:3 и 6:0.

Во четвртфиналето Лина ќе игра со уште италијанска тенисерка, Лусија Бронцети. Претходно македонската тенисерка ја исфрли третата носителка Ванг и Германките Нимејер и Заја.

sportmedia.mk