Акција за чистење диви депонии во организација на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје

19.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Акција за чистење диви депонии во организација на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје

 

ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје на 24 април, среда, со почеток во 10 часот, почнуваат акција за чистење диви депонии. Акцијата ќе се одвива истовремено во сите скопски општини, во неа ќе учествува администрацијата на претпријатието и општините, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта.

Целта е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

„Би сакале да ги поканиме сите граѓани на градот Скопје да ни се придружат во оваа иницијатива и со своето присуство да испратат јасна порака за важноста од совесното постапување со отпадот“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Акцијата ќе започне и ќе се одвива истовремено на следните локации:
Општина Гази Баба: Ул.808, од рест. „Дојрана“ кон Фершпед
Општина Аеродром: Транспортен центар, кон ФПИОМ и Кеј
Општина Кисела Вода: Сала Расадник
Општина Центар: Пред хотел ВИП, спроти МТВ, потегот кон МКЦ и МАНУ
Општина Карпош: Семафорите пред Момин поток, потегот кон Амбасадата на САД
Општина Ѓорче Петров: Игралиштата кај насипот, лево по семафорите кај Тинекс
Општина Сарај: Паркот во близина на општината
Општина Чаир: Топаана, раскрсницата меѓу ул.Џон Кенеди и бул.Македонско-косовска бригада
Општина Бутел: Серава, потегот кон Домот за згрижување „25 Мај“
Општина Шуто Оризари: Автобуска станица последна 19-ка

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата