Земјотрес ја стресе Македонија

18.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во Гевгелија и околината.

Земјотресот од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е регистриран во 13 часот и три минути, чиј епицентар се наоѓа 140 km југоисточно од Скопјe и потекнува од гевгелиското епицентрално подрачје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата