Skip to main content
x

21 Mar 2021 - 15:10
redakcija
Статија

Скопје си има свои места, свои легенди, свои фаци и – свој речник. Кој му се свиѓа ОК е, а на кој не нека си тера свој филм… што би рекле скопјани.

Нас ни текна на овие неколку изрази, а вие доколку сакате да ја дополниме листава слободно напишете некоја фраза во коментар.

МНОГУ МЕ ПОШТУЕ – Многу ме почитува
БОЉЕ – подобро
ШО- наместо Што
КАО – наместо Како
РЕЈЗ – автобус
ШО ИМА ВЕЗЕ – Нема врска
УВЕК – секогаш
ПЕЕРЧЕ – блага форма на лице кое го милуваш
БАЦЕ – непознат лик кој не сакаш да го условиш со Пријателе
НЕШО ДА СЕ ДЕШАВА – фраза кога ти е досадно
ФИЉАН – Фиш, Џо, Мокавац, Џокаваџ, Џокла, Џокле, Штрафче….скопска трефка за опуштање
ЅИВРА Е НАДВОР – фраза екстремно ладно време
ПАЦЕР – човек кој не е достоен за твојата интелегенција
ТИ ИБАМ – универзална пцовка на воодушевување
КИНЕСКА КРАЉИЦА – епитет на дама
У – во
КОПИЉ – дете,обично пред тинејџерска возраст
ВИКА – зборува,кажува
ИСКОЧИ – излезе
СПРДАЧАТ, СПРДАЧЕЊЕ – се зезаат, зезање
ЗАЕБАНЦИЈА, ЗАЕБА – шала, глупост, зафркна
ЕБАТЕ БЕЉА – Тоа значи и ништо друго, каде и да го употребиш одговара
СЕКАД/НИКАД – секогаш/никогаш
НАПИЊА – кога некој е упорен за некоја работа