Skip to main content
x

5 Mar 2021 - 2:01
redakcija
Статија

Постојат многу интересни факти кои ги одликуваат скопјани.

Еве неколку факти, а вие ако имате некој предлог за да се прошири листата пишете го во коментар.

– За време на викенд одиш на прошетка на Водно, не дека знаеш што ќе правиш, заради тренди да бидеш.

-Ги знаеш сите градски “фаци“ кои оставиле свој печат на Скопје

– Славиш 13 ноември! и плукаш по комунистите

– Му викаш, кога ќе се видите, сто пати ај јави се… а кога ќе се јави – Брат, кнап сум со време, ај ќе се видиме…

– За празници како 1 мај, Велигден, Водици си во Охрид и се гледаш со цело Скопје, дури и пиеш кафе со луѓе што не си ги видел одамна во Скопје, ама ете сте се сретнале таму викендашки и главни сте.

– Знаеш дека оние кои седат по моментално „најшема“ кафичите и рестораните не се скопјани, или пак им дошол некој пријател на гости од странство па излегле да го прошетаат.

– Одиш по сите оние клубови, кафулиња и ресторани кои не се гледаат од улица, а кои се култни катчиња за тебе и твоите пријатели.

– Идам у град, значи дека идеш на пијачка у клуб или кафич.

– Кога ќе видиш екскурзанти од внатрешноста на екскурзија во Скопје, се прашуваш зошто се овие луѓе волку среќни во Скопје?

– Уживаш во трачарење во секој момент и едвај чекаш некој да стане од маса за да го изоговараш.

– Преку ден пиеш по 3-4 кафиња, па после заглавуваш со друштво во кафана.

– Постојано вртиш бизниси, цело време си во фрка, имаш нови зделки и еден куп работа.

– Навиваш за Вардар цел свој живот.

– Ги знаеш сите градски фаци кои оставиле свој печат на Скопје.

– Ја знаеш на памет „Скопје“ од Леб и Сол, а Кети и Лина од „ Неправда“ ти се најголеми фраерки. Секако и „ Високи Штикли“ и „ Ако ми дадеш“ ти се култни.

– Ако си вртел на 223- 305 за да видиш дали ќе ти се јави Драган Мијалковски.

– Знаеш да разликуваш сељак од селанец.

– Кога возиш во гужва ги пцуеш сите што немаат скопски регистрации.

– Зимаш плата 250 евра, а трошиш 500.

– Кога ќе ти се јави некој и ќе те праша кај си, одговараш – Еве, на кафе.

– Нарачуваш со другарите ракија макар била вруќина од 43 степени и целиот ден го поминувате во Дебар маало иако температурите се неиздржливи.

– Одбиваш да се сликаш пред Воинот на коњ и Триумфалната капија. Тоа било за провинцијлаци, ама кога ќе ти дојде пред нос некој од страна се фалиш дека е Скопје изградено

– Уште објаснуваш според локацијата на Рекорд, Нова Железничка, Кенан, Нама, Ванила…

– Ако си искачал во Бони, Ани, Аполон, Алпино, Корнер, Булевар, Малибу, Уна, Огниште, Мусандра, Сачмо, Турист, Раф, Елемент, пред Ванила… стар скопјанец си

– Синоним за благо ти е Апче, за брза храна 7-ца , а за пиво – Скопско.

– За време на летниот период фонтаната кај бившо „Стоилко“ ти личела на нудистичка плажа.