“Кока од Љубљана ми стана фаворитка. Рекол еднаш Ѓорѓе БАлашевиќ: Живот, тоа е она гробот, па кога пишува година на раѓање и година на смрта. Е таа црта помеѓу, тоа е живот…“

Со познатиот пејач Ѓорѓе БАлашевиќ се простила на свој начин и хрватската писателка Ведрана Рудан на својот блог.

“Кока од Љубљана ми стана фаворитка. Рекол еднаш Ѓорѓе БАлашевиќ: Живот, тоа е она гробот, па кога пишува година на раѓање и година на смрта. Е таа црта помеѓу, тоа е живот…“
Повеќето од луѓето се зло. Обземени сме со стравствена омраза. Омразата труе. Поради тоа од време на време чуствуваме потреба за себе да ја симнеме нечистата кожа, да вдишеме чист воздух и да вдишеме нечија љубов. Од време на време.

Ние граѓани на Земја Која Повеќе ја Нема знаевме дека од време на време ќе можеме да одеме на место каде што минута, десет минути, час, два или пет, ќе станеме, ако не добри, тогаш сигурно подобри луѓе. Тоа место секогаш беше концертот на Ѓорѓе Балашевиќ.
Сеедно е дали сме се обиделе да станеме подобри во Нови Сад, Пула, Загреб, Белград… Сите тие градови, и не само тие, беа места каде баравме Добрина и сретнувавме човек кој не беше налик на нас..

Кога живеевме во мир, ни пееше за љубов. Кога живеевме во војна, ни пееше за љубов. Сите наши омрази беа само наши. Сите пушки беа само наши. Крвта на нашите раце беше само наш избор. Ѓоле ни пееше, пееше, и пееше… За љубовта.

Денес плачеме. Плачеме поради себе, секако. Нашата ‘цртичка помеѓу’ се уште стои со една бројка. Живи сме, ако ова е живот, и скоро два дена се капеме во љубов… Цела Југославија од сношти е на концертот на Балашевиќ.

Но… Залуден ни е трудот и цвеќе и солзи и плишани зајчиња и мандарини. Готово е. Ни се покажа онаа на Ѓоле “цртичка меѓу“. Никогаш повеќе нема да одиме на концерт, ни да пееме за Васа Ладачко, ни прегрнати да излегуваме од сали или напуштање на Арена, со рака во нечија рака…

Живи сме, а карти за концерт повеќе никогаш нема да се продаваат. Ј*бана, је*ана… “цртичката помеѓу“ . Ѓоле меожеби се спаси. Ние кои го сакавме ни нема спас. Од него ништо не научивме. Је*ига! Добрината не е заразна.

Сепак кога малку ќе размислам, не е се така црно? Можеби после нас ќе дојдат некои нови клинци кои гушнати ќе го слушаат мртвиот Ѓоле и ќе го разберат повеќе отколку ние што го разбравме, ние кои со години жив во глуви уши пееше за љубов.

Е, мој Ѓоле“