ППД Загреб повторно менува тренер: Шола си даде оставка, доаѓа Обрван

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ППД Загреб повторно менува тренер: Шола си даде оставка, доаѓа Обрван

Владо Шола издржа сао четири месеци на клупата на ППД Загреб. Враќањето од Алборг беше практично негово збогување со хрватскиот ракометен гигант.

Шола денеска си поднел оставка, незадоволен од резултатите и утре и официјално заминува од тимот. На негово место ќе дојде Ивица Обрван, кој ден-два порано стана и селектор на Босна и Херцеговина.

Промените во ППД Загреб станаа честа појава, со глед на тоа што Обрван е веќе трет тренер оваа сезона.Тој по вторпат се враќа на клупата на Загреб. Неговиот прв престој беше обележан со победа над Барселона, прва и единствена досега.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата