Тодоров: Не се откажуваме, мора да ги држиме главите горе!

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тодоров: Не се откажуваме, мора да ги држиме главите горе!

Македонската кошаркарска репрезентација е далеку од остварување на сонот. Денеска Естонија приреди изненадување, ја совлада Италија и дојде до вториот триумф. По овој меч нашите планови целосно се сменија, згора на се дојде и поразот од Русија. Па за европска виза сега ќе ни бидат потребни две победи, против Италија и против Естонија.

„Ова беше тежок психолошки меч за нас, особено по она што се случи на првата средба. Мислевме дека дуелот против Естонија ќе биде одлучувачки, го гледавме нивниот дуел во соблекувална, видовме дека една победа нема да биде доволна.

Скоковите беа втора причина за поразот, знаевме дека ќе биде проблем, но не мислевме дека разликата ќе биде голема. За време на мечот загубивме и еден важен играч поради повреда. Ротиравме со три бека во наредните минути. Ако ги сумираме сите статистички категории, со исклучок на скоковите и тројките, ние бевме во егал со противникот. За жал тоа е, мора да продолжиме со дигнати глави и да и да се обидеме да победиме.

Мотив секако имаме, а тоа е претставување на нашата земја, имаме тим кој заслужува многу повеќе од она што го имаме во овој момент. Имаме ден за одмор, а потоа ќе се обидеме да ги добиеме двата дуели“, рече Тодоров на прес-конференцијата.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата