УЛИЦА НА КЕЈ ЌЕ ИМА – Шилегов вели ќе е сервисна за ограничен број возила и одреден термин

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЛИЦА НА КЕЈ ЌЕ ИМА – Шилегов вели ќе е сервисна за ограничен број возила и одреден термин

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави дека на кејот кај ГТЦ ќе има сервисна улица кој ќе може да се користи во временскиот период од 8:00 до 9:00 и од 14:00 до 17:00 часот.

Според Шиегов улицата треба да се користи за сериозно ограничен број на возила.

-Заедно на овој простор предвидуваме и усогласено решение со луѓето кои овде имаат бизнис, тоа се угоститетелите со цел целиот простор да добие нов квалитет и нов изглед онака како што заслужува нашето Скопје, нагласи Шилегов.

Терасите, како што рече, кои ќе ги користат угостителските објекти ќе бидат унифицирани и ќе бидат поставени на начин кој ќе овозможи да дојде до израз дрворедот што го имаме на кејот од повеќегодишни дрвја. Дотурот на роба ќе се овозможи исклучиво во определени часови, преку Градскиот трговски центар, а со велосипеди преку кејот „13 Ноември“.

Шилегов нагласи дека конечно се спречува самоволието и хаосот на непрописно паркирани возила кои, како како што рече, последните десетина години го правеше небезбедно и движењето на пешаците и работењето на угостителските објекти.

Проектот за партерното уредување на кејот „13 Ноември“  е вреден 88,6 милиони денари со вклучен ДДВ, а средствата се обезбедени од буџетот на Град Скопје. Рокот за изведување на проектот е четири месеци.

Се работи за површина од 12500 метри квадратни, која ќе го поврзе Плоштадот со улицата „Стив Наумов“.

Предвидено е ново поплочување, патека за лица со инвалидност, дрворед, ќе бидат поставени клупи, нова урбана опрема, смарт-клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери, канделабри, рефлектори за осветлување…

Шилегов додаде ќе бидат ослободени повеќе места за велоспиедисти и за пешаците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата