“Кога е фрка го нема Брисел – би купил и од чеченската мафија“

19.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Кога е фрка го нема Брисел – би купил и од чеченската мафија“

Претседателот на Република Хрватска дал интервју за Нова ТВ, коментирајќи ги актуелните настани во земјата една година откако е избран да вршаи таа функција.

Коментирајки ја состојбата во Хрватска на внатрешен и надворешен план тој нагласил дека годината ќе ја памети по лошо, но не за него. Година на корона видрусот не само во Хрватска туку и ширум светот, како и проблеми со вакцините и нивната набавка ако се знае дека Хрватска е членка на ЕУ.

Меѓу друго тој ја искоментирал токму и ситуацијата со вакцините…

– Сите се изиграни, вакцините доаѓаат и ќе почнат да доаѓаат, лекарите и сестрите по улиците ќе ги бараат луѓето да ги вакцинираат. Вакцини ќе има. Кога вакцина ќе ја има повеќе отколку луѓе кои ќе сакаат да се вакцинираат, приказната е завршена, ај да кажам како во БиХ. Тоа се факти – рекол и додал дека тој секогаш не ја слушал ЕУ што му сугерирала.

“Да го слушавме Брисел, знаете кога ќе го донесевме законот за конверзија на кредити со швајцарците. Тоа не е сувереност, тоа е елементарна должност на државата. Ако е достапна, вакцина би купил и од чеченската мафија. Каков Брисел, кога е фрка го нема Брисел, работиш за свој интерес. Руска вакцина постопи и сега ни е потребна“, заклучил претседателот на РХ Зоран Миловановиќ

извор: Јутарњи лист.хрв.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата