Пожарот и натаму е надвор од контрола, иако во негово гаснење се вклучени 3000 пожарникари поддржани од цела воздушна флота. Огнените јазици опожарија и апартмани за туристите, оштетен е дел од патната инфраструктура, а за интензивно ширење на пожарот придонесува и силниот ветер. Од огнените јазици бегаат и туристите и локалните жители, а досега евакуирани се 3000 лица од неколку населени места кои се најкритични. Поради вдишување на чад неколку лица биле хоспитализирани, а сите болници на островот се ставени на готовс.
Пожарот на Крит не е единствен. Вчера избувнал и шумски пожар во предел со тежок пристап во областа Вурвуру на Халкидики, но набрзо бил локализиран, и целосно изгаснат по неколку часа.. Портпаролот на противпожарната служба, Василис Ватракојанис потврди дека околу 160 пожарникари и неколку беспилотни летала биле вклучени во гаснењето на пожарот. Туристите кои биле на плажите во близина на шумата можеле директно да гледаат како се шират огнените јазици.
Без активен фронт во моментов е шумскиот пожар што избувна вчера напладне во Вурвуру, Халкидики, а Противпожарната служба спроведува операција на влажнење низ неговиот периметар. Дејствуваат 160 пожарникари со седум екипи на шумската команда, 48 возила, група беспилотни летала и волонтери, додека помош даваат цистерни за вода и градежна механизација на Регионот Централна Македонија.
За страотната атмосфера поради пожарите на Халкидики, но и за брзата интевренцвија на противпожарнбите служби сведочат и дел од туристите од земјава..
-За половина час се наредија околу 10ина авиони колку што успеав да преборјам, неколку хеликоптери, постојано земаа вода од морето, гаснеа, потоа прочитав дека имало и пешадија.Го стишаа за два часа, не дозволија да ескалира, го ставија под контрола.--Ивана Тасев.
Инаку, ширум Европа расте бројот на починати поради екстремно високите температури. Во Франција се хоспитализирани стотици луѓе и најмалку два смртни случаи меѓу кои и десетгодишно девојче кое колабирало и починало, а затворени се повеќе од 2.000 училишта. Жртви од топлотен удар пријави и Италија каде има најмалку 5 жртви. Посебно критична ситуацијата е во Шпанија кадешто од саботата досега се регистрирани 102 случаи на смрт.