Војводата и војвотката од Сасекс пред неколку дена најавија дека деталите од раѓањето на своето прво дете ќе ги чуваат во тајност, а јавноста ќе биде информирана дури откако семејството ќе го прослави раѓањето. Британските медиуми почнаа да шпекулираат дека детето е веќе родено, бидејќи Меган отишла на породилно отсуство на 20 март.

„Војводата и војвотката од Сасекс се заблагодаруваат на прекрасните желби и честитки кои се добиени досега и се подготвуваат за раѓањето на своето прво дете. Војводата и војвотката донесоа приватна одлука дека самото раѓањето ќе биде приватно. Јавноста ќе биде информирана за раѓањето на детето кога тој настан ќе се прослави во тесен кругот на семејството”, напишаа Меган и Хари, а многумина овие зборови ги протолкуваа како знак дека бебето е веќе родено, пишува „Експрес“.

Бидејќи помина еден месец откако Меган е на породилно отсуство, не е невозможно дека бебето веќе пристигнало. А за ваквите шпекулации придонесе и доаѓањето на пријателот на Меган, Даниел Мартин (кој е можно да биде кум на детето) во Лондон.

Двојката, исто така, направи профил на Инстаграм на кој најверојатно ќе ги објават првите фотографии на детето. Профилот не е активен три дена, а последното објавување се однесува на посетата на Хари на едно здружение.

извор: Makfax

28

loading...
loading...

Најчитани вести