На неколку метри од Градска ПОЛОВИНА ЧАС ЧЕКАЛЕ БРЗА ПОМОШ (ВИДЕО)

4.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На неколку метри од Градска ПОЛОВИНА ЧАС ЧЕКАЛЕ БРЗА ПОМОШ (ВИДЕО)
  • На полицијата ѝ биле потребни 10 минути да стигне
  • Брзата помош пристигнала по 30 минути иако човекот лежел на само десетина метри од старата Градска болница

Половина час се чекала Брзата помош да пристигне во паркот Жена борец и да му помогне на човек кој без свест и со крваво лице лежел на земја, пренесува ТВ21.

Како што раскажуваат за телевизијата лицата што го пронашле онесвестениот маж, околу 16:50 часот како случајни минувачи во паркот спроти Парламентот, забележале лице како лежи на земја.

– Во 16:51 часот повикуваат брза помош! Наместо да преземи нешто, операторката за итни случаи го прашува повикувачот што има лицето, дали е некој пијан и дали може да го почувствува мирисот на алкохол. Никој не можеше да го стори тоа, уште помалку во време на пандемија. Така, итната помош, наместо помош, упатува да се повика полиција. Истата беше повикана нешто пред 17 часот. Цело ова време лицето продолжува да лежи на земја, со крваво лице, не повеќе од 100 метри од Градската болница.

На полицијата ѝ биле потребни 10 минути да стигне, но и кога конечно дошле не можеле да преземат ништо, бидејќи потребна била медицинска помош. Тие исто така побарале итна медицинска помош. Во меѓувреме, лицето кое лежело почнало да се освестува, но сепак комуницирал тешко.

Единствено што успеал да ѝ потврди на полицијата е дека паднал сам и дека никој не го нападнал.

Итната помош пристигнала во 17:20 минути. Од првото појавување на случајот до моментот кога пристигнала Брзата помош, биле потребни цели 30 минути за лицето да добие брза помош. Всушност, кога пристигнала брзата помош, тој веќе бил свесен, иако навидум малку исплашен. Стана и разговараше со лекарите на кои им кажуваше за случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата