Екипите од домашниот шампионат продолжуваат со пријателските натпревари пред продолжението на сезоната. Од Битола доаѓа помалку изненадувачки резултат, ракометарите на Е.Пелистер го совлада Охрид со минимални 22-21. Велиме изненадувачки, бидејќи охриѓани првиот дел од првенството го завршија без пораз.
Битолчани до победата дојдоа по пресврт, во првото полувреме имаа негатива од два гола 8-10. Талевски со шест гола беше прв стрелец, еден погодок помалку постигна Петровиќ. На другата страна не беа доволни 10 одбрани на Даниловски, ниту петте погодоци на Блажески.
Е.Пелистер 2 – Охрид 22-21 (8-10)
Е. Пелистер 2: Ивановски (6 одбрани), Бардакоски (3 одбрани), Ј. Талевски 2, Арсеновски 1, Петровиќ 4, И. Димитровски 1, С. Талевски 6, Дрогришки 1, В. Димитровски, Петровски 3, Кузманоски, Пет. Атанасијевиќ, Пав. Атанасијевиќ 3, Митревски, Белистојановски, Јовановски, Блажевски 1.
Охрид: Брауновиќ (7 одбрани), Даниловски (10 одбрани), Андоноски 2, Ивановски, Кривокапиќ 1, Блажески 5, Костов, Чагаљ 3, Николов 1, Иваноски, Соколов, Младеновиќ, Наумоски, Манасков 2, Шулески, Ристески 1, Димитриески, Надев, Тот 3, Костов 3.
sportmedia.mk