Нов лик за ЕЗЕРОТО ТРЕСКА: Што содржи новиот ДУП?

30.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов лик за ЕЗЕРОТО ТРЕСКА: Што содржи новиот ДУП?
  • Хотели, трговски центри, места за рекреација... нова лика за езерото Треска;
  • Се бараат инвеститори кои ќе треба да вложат преку 200 милиони евра во комплексот…;
  • Најголем проблем за Општината се камперите;
  • Комплексот би требало да оживее за околу три години.

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети ги официјализираше информациите кои изминативе денови протекоа во јавноста околу комплексот Треска. Тој е поделен во четири блока, а во нив според ДУП-от кој е веќе заведен во катастарот ќе се градат хотели, трговски центри и места за рекреација, а за вакви градби е оставена можност и околу самото езеро, за што имаше негодувања од граѓаните, а со нив ќе стопанисува инвеститорот. Додека пак за најавите за казина, Беџети рече дека не знае ништо, ниту пак се сложува да има таков вид на објекти…

Беџети вели дека надлежностите на локалната власт се ограничени во постапката и дека во целиот процес се испреплеткани надлежностите на многу министерства вклучително и владата, додека пак општината имала само една задача.

Општина Сарај во овој случај само го преработува овој дел, понатамошните постапки се во надлежност на владата, не се ниту на општината ниту на градот. Ние ќе имаме надлежности до денот на прогласувањето.

Беџети информираше колку отприлика ќе треба да вложат инвеститорите и каде ќе треба да се обратат за да добијат простор за изградба според ДУП-от, согласно законските прописи.

Општината има задача да го ревитализира просторот, а потоа владата ќе бара инвеститори кои ќе треба да вложат преку 200 милиони евра во комплексот…

Општината на најголем отпор околу акцијата на расчистување на просторот наиде од страна на камперите кои имаат уште 20-тина дена од ултиматумот да се дислоцираат од просторот. Тој вели дека таму не станува збор за камп-приколки, туку дека многу од камперите на локациите имаат направено цврсти градби, што е недозволиво и против договорот со општината…

Според пресметките на тимовите кои работат на проектот, комплексот би требало да оживее за околу три години, со тоа што и езерото ќе добие пречистителна станица, па по речиси две децении ќе се вратат и капачите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата