Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гладуваат, а Шилегов фрла пари на печеница, бадеми и лешници

30.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гладуваат, а Шилегов фрла пари на печеница, бадеми и лешници

„Додека половина милион граѓани гладуваат и живеат со под 2 евра на ден, Петре Шилегов купува печеница, бадеми и лешници со парите на скопјани.Четврт тон апетисани, односно ф`стаци, бадеми лешници, индиски ореви, кикирики ќе се најдат секој ден на масата на Шилегов додека народот едвај има за леб и млеко“, соопшти Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Според нив, Шилегов ќе купи 60 килограми ф`стаци, 90 кила бадеми, 55 килограми лешници и по 30 килограми кикирики и печени индиски ореви.

„Шилегов нема да остане гладен. За тоа ќе се погрижи набавката на печеница, свинска и телешка, разните салами и виршли. Не е само Заев тој што јаде со златни виљушки, Шилегов јаде печеница и бадеми, лешници и индиски ореви, додека народ нема леб да јаде.Скопјани работат, плаќаат даноци, а Шилегов со тие пари купува печеница. Петре, додека јадеш печеница, нека ти текне на половина милион македонски граѓани кои едвај имаат за леб и млеко. И да, за дупките по скопските улици, кои не стигна да ги закрпиш“, се вели во соопштението.
 
 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата