Еден гол, но вреден три бода за ПСЖ на гостувањето кај Анже. На хартија беше лесна задача, но на теренот се изнамачија, а Курзава го постигна единствениот гол во 70. минута.

Дефанзивецот на Парижаните погоди за победа, иако Анже се покажа како добар ривал, имаше дури и повеќе удари кон голот на противникот, но Навас неколку пати мораше да спасува.