На улиците во Општина Центар нанесена течност против замрзнување на асфалтот

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На улиците во Општина Центар нанесена течност против замрзнување на асфалтот

Екипи на Општина Центар изминатото деноноќие со специјални возила на локации на територија на општината распрскуваа емулзиона течност против замрзнување на улиците.

Во пресрет на предупредувањата на УХМР за евентуални врнежи на снег, општинските служби започнаа со акцијата за распрскување на улиците во и околу населбата Водно, населбата Кале и сите потешки пристапни улици во Центар.

„ Нанесувањето на емулзионата течност делува превентивно, не дозволува замрзнување на асфалтот при врнежи на снег и на граѓаните им овозможува нормално и непречено движење и одвивање на сообраќајот при зимски услови“ велат од општината.

Додаваат дека оваа активност општината ја спроведува секоја година, непосредно пред најавите за врнежи од снег и замрзнувањето на улиците, апликацијата на течноста е по должина на целата улица и е само дел од мерките кои општината ги има подготвено за полесно справување со зимската сезона.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата