УЖАСНИ МОМЕНТИ: Ловџиката два пати ја промаши дивата свиња КОЈА ПОТОА ЈА НАПАДНА (ВИДЕО)

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЖАСНИ МОМЕНТИ: Ловџиката два пати ја промаши дивата свиња КОЈА ПОТОА ЈА НАПАДНА (ВИДЕО)

Ова е моментот кога ловџика е принудена да ја искористи  пушката како стап за да ја удира дивата свиња која ја нападна откако двапати не успеаа да ја погоди со куршум.

Инцидентот е снимен во Ерула во италијанската провинција Сасари, на островот Сардинија.

Снимката покажува како ловџика нишани кон со густата вегетација, кога одеднаш од грмушките излегува дива свиња и тргнува коннејзе за да ја нападне.

Жената пука двапати по ред но не ја погоди целта и ја фати паника па не успеа повторно да го наполни оружјето.

Дивата свиња продолжува да ја напаѓа и таа е принудена да се брани со грлото од пушката со што го удира дивото животно.

На видеото се слуша жената која вика „бегај, бегај“ а во меѓувреме ја удира свињата и бара помош од нејзините придружници.

Снимката која стана вирална на Интернет се додадоа на повиците да се запре ловот за време на пандемијата поради повредите што може да предизвикаат дополнителен товар врз болниците.
Критичарите велат дека снимката го покажува неодговорното ракување на ловџиите со оружјето.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата