Нашите одбојкари денеска не успеаја да ја изненадат Турција. Одиграа добро само во еден сет, кој може да ни биде голема надеж дека на следните две средби со БиХ и повторно со Турција, да дојдеме до посакуваните победи кои ќе не однесат на Европското првенство. Овие момци ја заслужија поддршката и се надеваме ќе ни возвратат со нова победа веќе утре против БиХ во вториот меч на квалификациите во Скопје.