Реал го „врза“ Арда Ѓулер до 2032 година

10.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал го „врза“ Арда Ѓулер до 2032 година
фото: Sporx (X)

Реал Мадрид постигнал договор со Арда Ѓулер за продолжување на соработката, со што турскиот офанзивен играч за врска би требало да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2032 година. Информацијата ја објави шпанскиот „АС“, а договорот се очекува официјално да биде објавен наскоро.

Актуелниот договор на 21-годишниот фудбалер е со важност до 2029 година, но челниците на Реал сакаат навреме да го обезбедат неговото долгорочно присуство во тимот. Новиот договор ќе донесе и зголемување на неговата плата, како награда за развојот и придонесот во екипата.

Ѓулер пристигна во Мадрид во 2023 година од Фенербахче и постепено се наметна како важен дел од тимот. Особено впечатлива беше неговата минатогодишна сезона, во која одигра 51 натпревар, постигна шест гола и забележа 14 асистенции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата