Топлотен бран во Грција: 28 степени, Грците масовно на плажа

10.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Топлотен бран во Грција: 28 степени, Грците масовно на плажа

Топлотен бран со температура дури од 28 степени ги испрати Грците масовно на плажи и во паркови без обзир на “мерки на затворање“ поради корона вирус.

Спроед Атинската национална опсерваторија, температурата во јужниот дел на островот Крит, околу пладне достигнала 28,3 степени што е една од највисоките јануарски температури за педесет години.   

Типична температура во овој период од годината во Грција е околу 15 степени.

Во Атина темепературата во термометрите достигнала 22 степени, каде што луѓето оделе на плажи, плоштади и паркови.

“Времето е убаво, а повеќето сме заглавени дома“, рекол човек за една телевизија од плажата Кавури, близу Атина.

Жежок ветар од Африка со невообичаена топлина донел и многу прашина.

Се очекува температурата во Грција да биде висока до среда.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата