ЗА ШТО НАЈМНОГУ ЖАЛИМЕ, и се повторува од ден во ден

9.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗА ШТО НАЈМНОГУ ЖАЛИМЕ, и се повторува од ден во ден

Иљада пати досега сте зажалиле за нешто шпто сте го направиле, или затоа што не сте го направиле. Тој процес е постојан. Зависно од тоа во кој период од животот се наоѓаат, луѓето веројатно жалат за различни нешта.

Имено, ако може да им се верува на резултатите од последното спроведено истражување, луѓето на возраст од околу 50 години најчесто најмногу се каат поради тоа што стапиле во брак со погрешна личност, пренесува “Independent”.

Така, во рамките на новото истражување за несигурноста кај средовечните луѓе, утврдено е дека луѓето често жалат и поради тоа што не патувале повеќе и затоа што немаат доволно пари за мирна старост, а поголемиот дел од останатите незадоволства се поврзани со љубовната болка.

Речиси една петина од луѓето изјавиле дека најголема грешка им била тоа што стапиле во брак со погрешна личност, иако во рамките на анкетата не било соопштено и колку од нив се уште се дел од тој брак.

Исто така, една од десет личности изјавиле дека “повторното заљубување” е дел од нивната листа на нешта кои што би сакале да ги искусат до крајот на животот.

Покрај тоа, околу 17% од луѓето жалат што никогаш на своите партнери не им кажале колку тие навистина им значат, додека 15% од испитаниците жалат што не ги прашувале своите баби и дедовци за совети за животот.

Анкетата, во рамките на која што учествувале повеќе од 1.000 луѓе, покажала дека одреден број на луѓе жалат затоа што го запоставиле љубовниот поради деловниот живот. Помеѓу топ 10 ситуациите поради кои луѓето жалат се и предолгото работно време, како и недоволното поминување на време со своите деца.

Исто така, високо на листата е жалењето што тие не научиле да свират на ниту еден музички инструмент.

Мартин Лок, извршен директор на компанијата “Silversurfers”, која ја спровела анкетата, изјавил:

Навистина е чудно да се види дека толку многу луѓе сметаат дека одбрале погрешен животен сопатник, но кога ќе се земе во предвид бројот на разводите, тоа и не треба да не зачудува. Тоа се поклопува со трендот на т.н. седи разводи. Можеби претходните генерации останувале во брак затоа што едноставно, разводот не бил нешто вообичаено.”

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата