Дури 70% од скопјани НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА НА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ

9.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дури 70% од скопјани НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА НА ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ

Во каква состојба е Скопје, знаат сите скопјани. Помалку или повеќе јасно им е и зошто е така, а прв човек на градот кој прима плата, има привилегии и задолжен е за решавање на проблемите  е градоначалникот Петре Шилегов. Колку се скопјани задоволни од неговата работа?

Седумдесет проценти од граѓаните на се задоволни од досегашната работа на првиот човек на градот, градоначалникот Шилегов. Ова го покажа анкетата која Скопје Инфо ја спроведе во изминатиот период преку веб порталот, а во која учестуваа 1250 граѓани.

Од вкупниот број граѓани 875 сметаат дека не се задоволни од досегашната работа на првиот човек на градот, а 375 сметаат дека се задоволни од сработеното.

Петре Шилегов беше избран за градоначалник на локалните избори кои се одржаа во 2017 година. Тој тогаш освои 141.164 гласови со што го подеби својот противкандидат Коце Трајановски.  Пред повеќе од една седмица во интервју за веб порталот „Сакам да кажам“ тој изјави дека на локалните избори кои треба да се одржат следната година планира да се трка за својот втор мандат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата