Кој и како “ПРОВЕРУВА ФАКТИ“ на социјалните мрежи и БЛОКИРА ВАШИ МИСЛЕЊА И ОБЈАВИ ВО ЈАВНОСТА

3.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кој и како “ПРОВЕРУВА ФАКТИ“ на социјалните мрежи и БЛОКИРА ВАШИ МИСЛЕЊА И ОБЈАВИ ВО ЈАВНОСТА

Модерната, современа пракса која во средниот век ја спроведувале верските инквизитори, а во комунизмот цензорите за гушење на слобода на говорот како заштита на нивните интереси во јавноста денес се остварува преку така наречените “проверувачи на факти“. Тоа е мрежа на “невладини организации“ кои во најголем дел се под контрола на глобалната фондација на Џорџ Сорос.

Порталот Remix - rmx.news во анализа на авторот Џон Коди, на 31 Октомври 2020 објави:

“Кога станува збор за политичка содржина и одлучување што е точно и што е дезинформација, во Централна и Источна Европа, Фејсбук се потпира на трети страни организации за да се справат со проверка на фактите, а многу од овие организации се финансирани од прогресивниот милијардер Џорџ Сорос.

Во моментов, Фејсбук има повеќе од 60 партнери кои проверуваат содржина на повеќе од 50 јазици ширум светот. Како што претходно објави Ремикс њуз, 18 од 20 члена на глобалниот одбор за проверка на фактите на Фејсбук имаат повтрзаност со Џорџ Сорос, кој обезбеди средства за либерални цели низ целиот свет, вклучително и над 50 милиони УСД што ги потроши за пораз на претседателот Доналд Трамп и напори да поткопуваат конзервативните влади во Унгарија и Полска.

Влијанието на Сорос врз гигантите на социјалните медиуми не завршува со глобалниот одбор на Фејсбук за проверка на фактите. Тој, исто така, финансира или индиректно ги финансира проверувачите на факти од трети страни кои соработувале со Фејсбук во специфични земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД и Шпанија. Се повеќе, проверувачите на факти што тој ги финансира исто така се наоѓаат во Централна Европа, со „Ремикс Њуз“ идентификувавме најмалку осум од 11 земји во регионот каде што организацијата за проверка на фактите е група финансирана од Сорос (голем број земји, како што е Унгарија , Србија и Романија, сè уште немаат официјален проверувач на факти од трета страна на Фејсбук, или немаше такви информации за време на објавувањето).“

Истите луѓе од истите организации кои се активисти во локалните соросови организации во Македонија за потреби на Фејсбук “проверуваат факти“ објавени на социјалните мрежи или информативните портали и, според своја слободна политичка оценка пријавуваат во Фејсбук кој “шири лажни вести“ против нивните интереси а, потоа, Фејсбук блокира објави на луѓе и медиуми и оневозможува слободно мислење и јавна дебата околу битни прашања. Се создава едноумие и заробеништво на јавноста и слободната мисла за потреби на една идеологогија која никаде во светот не е верификувана, не излегла на избори и не добила поддршка во јавноста.

Тие “проверки на факти“, гледано во Македонија, се политички мотивирани и се применуваат во случаи кога со веста или објава на граѓанин се загрузува интерес на една политика, во случајов политиката која е на власт. Досега сите пријавени се опозиција на актуелната власт во Македонија, освен во еден случај каде е пријавен портал од кампот на СДСМ но, како одмазда што сопственикот на тој портал на социјланите мрежи објавил лична навреда за нивната активистка Т.М. која живее во Брисел и се претставува како слободен новинар. Мотивацијата, во овој исклучок, е лична а не принципиелна.

Нема никакви познати правила што е тоа лажна вест, и како јавноста, корисниците на социјаланите мрежи да знаат да се однесуваат. Оценките се според слободна проценка, а за последиците од грешка која оневозможува слободен говор и нанесува материјални последици за медиумите - нема одговорност. Нема право на жалба, или најпрецизно, по нанесената штета нема можност за исправка.

Секако, како лажна вест не се пријавени министерот за здравство Венко Филипче кој во декември изјави дека “Македонија веќе нарачала и платила вакцини“, а вакцините ги нема иако сите околу нас ги имаат. Не е лажна вест ни три пати објавеното дека “добивме датум за преговори со Европската унија“. Богданка Кузевска, портпарол во СДСМ - носител на власта во Владата објави дека ќе соработува со “проверувачите на факти“ во сузбивање на информации од медиуми блиски до опозицијата, што е де факто потврда за политичкиот карактер на проверувачите на факти во Македонија.

Јавноста е вознемирена и револтирана од “новите инквизитори и цензори на Џорџ Сорос“. На социјалните мрежи можат да се најдат објави кои упатуваат дека европски држави, како Полска, веќе создаваат заштита на своите граѓани, медиуми и јавноста од “новите инквизитори и цензори“. 

 

“ Во Полска, Фејсбук соработуваше со организацијата Демагог за проверка на фактите. Демагог добива средства од Фондацијата Стефан Батори, една од најголемите невладини организации во земјата. Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос внесе милиони во Фондацијата Батори. Тој не само што е најголем странски донатор на организацијата, туку беше и клучен во основањето на организацијата.

Финансискиот извештај покажува дека Фондацијата Отворено општество во Швајцарија дала 516. 000 евра на Фондацијата „Бетори“, додека Институтот отворено општество во Будимпешта донираше 280.000 евра, а Фондацијата за промовирање на отворено општество во Њујорк подари 260.000 евра. Транспаренси Интернешнл од Берлин, кој исто така добива пари од Сорос, ја финансира фондацијата „Батори“.

Фондацијата „Батори“ играше активна улога како строг критичар на владејачката конзервативна влада во Полска предводена од партијата Закон и правда (ПиС), вклучувајќи извештаи за пад на владеењето на правото во земјата.“, пишува Ремикс њуз во наведената анализа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата