Општина Центар во еко акција: И ОТПАДОТ ИМА ВРЕДНОСТ

1.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Општина Центар во еко акција: И ОТПАДОТ ИМА ВРЕДНОСТ

Скопската општина Центар почна нова еколошка акција за селектирање на отпад во посоебни сектори и потоа употреба на корисниот отпад за рециклирање.

Уште на првиот ден од новата година градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ја надополни неговата GreenPay картичка од ЈП ПОЦ на пластикоматите во Општина Центар.

 

„Да бидеме совесни и пластичните и стаклени амбалажи да ги рециклираме на места означени за таа намена. Пластикоматите на ЈП ПОЦ ја имаат токму таа намена, да ги мотивираат граѓаните да го селектираат отпадот и на тој начин, да придонесат за почиста околина, но и да ги користат останатите поволности кои ги нуди оваа картичка“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

 

Во рамки на проектот „И отпадот има вредност“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар, поставени се повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки на повеќе локации низ општината.

Со селектирањето и рециклирањето на пластичниот и стаклениот отпад, додаде Богдановиќ, придонесуваме за поздрава и почиста животна средина и подобри услови за живот во Центар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата