Град Скопје со помош за настраданите во катастрофалните земјотреси во Хрватска

30.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Град Скопје со помош за настраданите во катастрофалните земјотреси во Хрватска

Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница донесе одлука за давање помош на настраданите од катастрофалните земјотреси во Петриње и во Загреб, во кои има човечки жртви и  се повредени повеќе лица.

„Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, односно 2 милиона денари на градот Петриње и еден милион  денари за градот Загреб, износ кој го доделуваме на сите градови за вакви и слични неприлики. Градоначалникот на седницата изјави дека Скопје е град на солидарноста и знае што значи помош по вакви  катастрофи и затоа во кординација  со сите советнички групи во Град Скопје е свикана  вонредна седница на Советот за да им се додели  помош на пријателите од  Загреб и од Петриња“, се вели во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата