Шилегов: Новиот зелен покрив готов во април идната година

28.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шилегов: Новиот зелен покрив готов во април идната година

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека активностите за изградба на вториот зелен покрив во Скопје се интензивирани независно од претстојните празници и дека скопјани новиот зелен покрив ќе го добијат во април идната година. Тој потсети дека целта на проектот е заштита на животната средина, создавање на подобро место на живеење и подобар квалитет на живот.

Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови дрвја, средно и ниско зеленило, а ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите. Предвидено е да се постават и клупи и друга урбана опрема, како и да се врати и култното кино.

„ Инаку запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте места наречени „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот“ велат од градот.

Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје (во вредност од околу 18,5 милиони денари), а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата