МАЛИНКА РИСТЕВСКА ЈОРДАНОВА: Не, не може! На договорот со Бугарија НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ ДОДАДЕ ПАТОКАЗ!

28.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАЛИНКА РИСТЕВСКА ЈОРДАНОВА: Не, не може! На договорот со Бугарија НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ ДОДАДЕ ПАТОКАЗ!

Поранешната шефица на кабинет на тогашна вицепремиерка за европски интеграции, а сегашната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, Малинка Ристевска Јорданова смета дека уцените од Бугарија за добивање датум за преговори не треба да се прифатат.


- Не, не може! Прифаќањето „Патоказ“ на Договорот би значело прифаќање на бугарските барања од Рамковната позиција од октомври минатата година, од кои тие не отстапија ни јота, напротив - ги проширија. Нивната позиција сама по себе е „патоказ“ по нивна мерка, и ако таа стане дел од ЕУ процесот, како што вели министерот, практично доброволно ќе ги ставиме бугарските барања „во ЕУ рамка“. Доаѓаме во недозволива и трагикомична ситуација државите членки на ЕУ остро да се спротивставуваат на вметнувањето на билатералните прашања во „ЕУ рамка“, а ние доброволно да си ја наметнуваме.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата