Една брачна двојка оставила тестамент што изненади многумина.  Рената и Алфред Ведел од малата општина Валцолмс во германската покраина Хесе оставиле дури 6,2 милиони евра на нивната локална заедница!

Наследството се состои од банкарска сметка, акции, скапоцености, куќа и земјиште. Алфред работел како брокер на берзата во Франкфурт и со години ја реинвестирал секоја добивка од неговите акции. Двојката живеела изолирано во вила, сè додека Алфред не починал пред пет години, а Рената пред една година во пензионерски дом.

По нејзината смрт се отворил тестаментот кој покажал дека главен наследник е сестрата на Рената. Сепак таа починала прерано, па вториот наследник по ред е заедницата. Градоначалникот рече дека во почетокот сметал дека тестаментот е погрешно напишан, но подоцна бил убеден дека сето тоа е вистина. Сепак, наследството има и одредени услови.

Парите треба да бидат потрошени за инфраструктура; згради, патеки, плоштади, улици

- Многу треба да се поправат и прошират. Покрај тоа, можеме да испланираме медицински центар, градинка, спортски терени - рече тој.