Хутите со предупредување до светските авио компании

6.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хутите со предупредување до светските авио компании

Предупредувањето го пренесоа медиуми блиски до движењето Хути, додека владините сили, поддржани од Саудиска Арабија, започнаа голема офанзива против групата поврзана со Иран, објави Ројтерс. Канцеларијата за медиуми на саудиската влада не одговори на барањето за коментар.

Меѓународно признатата влада на Јемен соопшти дека започнува „стратешка офанзива“ за повторно преземање на контролата врз Сана од бунтовниците Хути.

„Нашите вооружени сили започнаа стратешка офанзивна операција врз Сана“, изјави бригадниот генерал Маџиф ал-Нузаили за мрежата X. Тој додаде дека јеменската армија користи модерни капацитети во операцијата, објави Ал Џезира.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата