Александар Тодоров по завршување на последниот тренинг во Скопје и добиените разултати од ПЦР-тестови го одреди списокот за квалификациските дуели против Естонија и Италија за место на ЕП.

Во Скопје остануваат Дамјан Робев и Андреј Митревски, на групата од 10.кошаркари ќе им се приклучат капитенот Војдан Стојановски и Џејкоб Вајли, но не и Ненад Димитријевиќ. Иако нема став од страна на КФСМ, репрезентативецот се чини не успеа да се опорави од пандемијата коронавирус. Тој вчера не отпатува со Хувентуд во меч од Лига Ендеда.

Ако нема некој дополнителен, пред сè, здравствен проблем, рано изутрина, во шест часот, на пат за Софија, потоа преку Франкфурт, до Талин ќе тргнат:

Љубомир Младеновски (Работнички)

Виктор Ефремоски (Работнички)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Марко Симоновски (Кожув)

Бојан Трајковски (Пелистер)

Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)

Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Македонија на 28. игра против Естонија, противник кој не совлада во Скопје, два дена подоцна игра против Италија.